
by Yunus Emre
Турцизацијата на Анадолија од 11-иот до 13-тиот век е една од најважните случувања во историјата. Султан Алпарслан во 1071 година издвојувајќи победа над Византијците вратите од Анадолија им ги отворил на Турците муслимани. После тоа Турските заедници се доселиле во Анадолија и оваа територија ја прифатиле како нивна татковина. За време на Анадолската Селџучка држава многу исламски научници од Исламските земји одиграле голема улога во формирањето на новата цивилизација и култура на овие простори доселувајќи се во Анадолија. Посебно Султан Алаеддин Кејкубат, ги примил во својата држава и покажал посебна почит кон научниците од Туркестан и Иран кои бегале од тираните Монголи. Исто така за време на Селџуците се заокружил процесот на Турцизација и Исламизација на Анадолија и се обезбедила потполна хармонија помеѓу доселениците, земјоделците и градското население на овие простори. Во овој период Анадолија била исто така центар на трговските дестинации што воделе кон државите од истокот кон западот и од северот кон југот.
No posts about this book yet. Be the first in the app!
Read it in the app
Highlight, save quotes, share what you read